Пролетните температури и зголемената физичка активност бараат и редовна хидратација. Ви носиме три пролетни напитоци кои ќе ги обожавате.
Иако мислиме дека со првите потопли денови исчезнуваат сите опасности по здравјето, вирусите и бактериите, во голема заблуда сме. Преодниот пролетен период е најризичен за создавање на воспалителни процеси во организмот. Овие воспалителни процеси можат да бидат предизвикани од различни фактори, но што и да е, природните препарати можат да им стават крај.
Кокосова вода со куркума и портокал
За да го подготвите овој напиток, потребна ви е една шолја кокосова вода, една кафена лажичка куркума, половина лажичка цеден сок од портокал и една четвртина лажичка бибер. Сите напитоци ставете ги во шолја и убаво измешајте ги. Послужете ги ладни.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/пролетни-напитоци-1.jpg)
Лимонада со ѓумбир и нане
За да го подготвите овој напиток, потребна ви е една чаша од 200 милилитри вода, сок од половина лимон, неколку листови свежо нане и половина кафена лажичка мелен ѓумбир. Ставете ги во чаша и убаво измешајте, па додајте ги листовите нане. Послужете ладно, по желба додадете неколку коцки мраз доколку сте љубител на освежителни пијалоци.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/пролетни-напитоци-2.jpg)
Пијалок од Даикон
За да го подготвите овој напиток потребни ви се три лажици рендана бела даиконска ротквица, една лажица рендан ѓумбир, неколку капки органски сос од тамари и 250 милилитри банча чај (јапонски зелен чај) или вода. Измешајте дајкон, ѓумбир и тамари сос, кога ќе ги измешате прелијте ги со чај од банча или зовриена вода. Сè добро измешајте, па пијте го топло.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/пролетни-напитоци-3-1.jpg)
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.