Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Крем чорба со морков и црвена леќа

    Рецепт: Крем чорба со морков и црвена леќа

    petel baner

    Комбинацијата од морков и црвена леќа е совршена, изобилува со хранливи материи и протеини.

    Црвената леќа е добар извор на протеини од растително потекло. Има одличен вкус, многу заситува и е одлична основа за кремасти супи. Згора на се, термички се обработува за кратко – ќе бидат доволни само околу 15 минути готвење.

    Можете да ја комбинирате со различни видови зеленчук, а особено ќе одговара со моркови.

    Затоа, направето го овој вкусен рецепт за густа чорба од морков и црвена леќа која можете да ја зготвите за помалку од половина час.

    Состојки:

    500 гр моркови
    150 гр црвена леќа
    125 мл растителнно млеко
    1 литар супа од зеленчук
    1 лажичка ким во прав
    прстофат чили во прав
    растително масло
    сол и бибер по желба

    Подготовка:

    Во поголемо тенџере загрејте малку масло, па на него пропржете ги ренданите моркови. Зачинете со сол, бибер, чили во прав и ким.

    Agrobot

    Додадете црвена леќа и покријте сè заедно со супа од зеленчук и замена за растително млеко.

    Откако течноста ќе зоврие, варете ја супата околу 15 минути или додека леќата термички не се обработи до крај.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Измешајте ги состојките со рачен блендер во мазна, густа чорба. На здравје.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img