Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро советиДали знаевте дека осите можат да откријат експлозиви или дрога?

    Дали знаевте дека осите можат да откријат експлозиви или дрога?

    petel baner

    Осите, за разлика од пчелите, не се ни приближно ценети. Но научниците тврдат дека овие неправедно запоставени инсекти се важен дел од нашиот екосистем. Без нив светот би изгледал сосема поинаку.

    Би-Би-Си ви пренесува помалку познати, неверојатни факти за овие инсекти без кои би имало големи нарушувања во екосистемот.

    Важноста на предаторите

    Секоја оса има своја улога, без разлика дали е кралица, чистачка, чувар или дадилка. Покрај тоа, тие се многу попаметни отколку што луѓето сакаат да признаат.

    Научниците сугерираат дека некои од осите можат да се препознаат едни со други и да го искористат тоа за да одредат каде се наоѓаат на хиерархијата. Исто така и дали друга оса е непријателски расположена. Исто така, еден од малку познатите факти за овие инсекти е дека осите можат да се обучуваат да пронајдат експлозиви или дрога.

    Осите се многу важен предатор, а загубата на секој предатор има силно негативно влијание врз екосистемот. Причината е што осите го чуваат растителниот свет, посевите и другите суштества од пајаци, стоногалки, муви до гасеници и други инсекти.

    Овие летечки предатори само во Велика Британија годишно ловат околу 14 килограми други инсекти со кои ги хранат своите млади. Поради ова, многу растенија без оси би останале незаштитени, а нашите домови би биле полни со инсекти.

    Нив им се заканува сценариото на пчелите

    Истражувачите забележуваат дека во последните 30 години има драстичен пад на популацијата на пчелите поради употребата на пестициди, земјоделските работи и климатските промени.

    Слично сценарио им се заканува на осите, но јавноста не ги доживува толку романтично како, на пример, пчелите. Затоа, според експертите, за овој проблем не се зборува доволно. Истражувањата покажаа дека пчелите ги поврзуваат луѓето со многу попозитивни искуства и слики – како мед, цветови и полен. Додека осите, од друга страна, ги поврзуваат со убоди, болка и агресија.

    А тоа, според експертите, е сосема неправедно, бидејќи осите во природата извршуваат речиси идентични задачи како пчелите, а се класифицирани и како клучни опрашувачи.

    Agrobot

    Факт е дека доколку не постоеја осите, ќе изгубиме повеќе од 100 различни видови орхидеи и смокви. Можеби тоа не звучи како огромна катастрофа, но секој вид смоква се потпира на свој тип на оса за да го опрашува. Во овој поглед, научниците наведуваат дека повеќе од 1.000 видови тропски птици и цицачи зависат од смоквите.

    Постојат илјадници видови оси кои главно се занимаваат со својата работа во природата без вие да ги забележите. Само еден процент од осите ќе стигнат до вашата маса. Секако, најодбивна карактеристика на осата е нејзиното убод, кој е многу болен. Но, дури и оваа карактеристика има свои предности, убодот од оса содржи еден вид токсин за кој лабораториските тестови покажале дека има антиканцерогени својства.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Заклучокот е дека осите сепак се корисни животни. А експертите советуваат да не ги допирате. Без нив би имале повеќе инфекции и болести, помалку биодиверзитет, а целиот глобален пазар на храна би бил понесигурен.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img