Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

22.8 C
Skopje
Friday, July 26, 2024

More
    домаАгро ЗабаваШто е поздраво: Сладок или обичен компир?

    Што е поздраво: Сладок или обичен компир?

    petel baner

    И слаткиот компир и обичниот, бел компир содржат витамини и минерали кои се корисни и здрави за нашето тело.

    Но, дали слаткиот компир е толку поздрав колку што сугерира неговата значително повисока цена?

    Нутриционистички вредности на сладок компир

    Еден печен сладок компир со средна големина има околу 100 калории, 24 грама јаглени хидрати, 4 грама влакна и 2 грама протеини. Овој вид компир е полн со јаглехидрати кои побавно се варат. Па затоа нè прави сити подолго и ни дава енергија на долг рок. Еден среден сладок компир ни обезбедува четири пати повеќе витамин А од препорачаната доза. А овој витамин ни помага да изградиме хемоглобин – кој ги снабдува клетките на целото тело со кислород.

    agrounik
    Нутриционистички вредности на белиот компир

    Белиот компир има многу лоша репутација, а причината лежи во фактот што тие најчесто се консумираат пржени, како што се помфрит или чипс. Сепак, еден среден бел компир всушност има многу хранливи материи. Со кора, еден бел компир содржи околу 179 калории, 37 грама јаглени хидрати, 4 грама влакна и 5 грама протеини. Белиот компир е богат со калиум и содржи 26% од дневните потреби на овој минерал, што е многу повеќе од содржината на бананите. Белиот компир содржи и т.н. отпорен скроб. Се развива кога компирот се лади по термичка обработка. Телото не може да го свари отпорниот скроб, па затоа нè прави сити подолго.

    Кој компир е поздрав?

    И двата вида компири се богат извор на јаглени хидрати, но слаткиот компир содржи малку повеќе влакна и има малку понизок гликемиски индекс од белиот компир. Од таа причина, гликозата во крвта ќе расте побавно кога консумираме сладок компир отколку кога консумираме бел. Исто така, слаткиот компир е победник кога станува збор за содржината на витамин А.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Заклучокот е дека слаткиот компир е за нијанса поздрав, но исто така и дека белиот компир има неоправдано лоша репутација. Кога се подготвува на соодветен начин (варен или печен и прелиен со здраво масло), тоа е вредна намирница.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img