Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро советиКога и како да засадите невен

    Кога и како да засадите невен

    petel baner

    Овој период е идеален за садење невен. Ова прекрасно растение со жолто портокалова боја, освен убав изглед има и многу лековити својства и затоа често се користи во народната и научната медицина.

    Невен е растение од фамилијата маргаритки. Не се знае точно неговото потекло, го има скоро насекаде. Расте исправено до висина од 40-50 см. Стеблото и листовите му се покриени со ситни влакненца. Има убав цвет со жолто портокалова боја. Формата на цветот потсетува на хризантема.

    Покрај тоа што може да ја разубави градината, невенот има и лековити својства. Често поради својот состав се користи во народната и научната медицина. Тоа се должи на присуството на етерични масла , танини, белковини, витамини, минерали, органски киселини и др. Освен лековити својства некогаш невенот се користел во исхраната како зачин. Се смета и како медоносно растение и со нектарот и поленот позитивно делува на пчелите.

    Невенот добро е да го има во секоја градина бидејќи со својата миризба ги брка полжавите и другите штетници.

    Доколку го сакате овој  украс во вашата градина, месец март е идеален за негово садење.

    Нема преголеми барања, но добро успева на средно квалитетна и не премногу влажна земја. Добро е да се одбере сончева или површина со блага сенка. На иста површина може да се одгледува две години. Му годи топлина и цветовите секогаш се вртат кон светлината.

    Одлично се вклопува на површини каде претходно растеле мешунки, како грав и грашок.

    Agrobot

    Невенот може да се сади со семе или со расад.

    Семето се сади на длабочина од 3 см и ако се поволни временските услови може да никне за 5 дена. Оптимална температура за садење е од 13-16 степени целзиусови

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Невенот го сметаат за барометар за дожд. Доколку цветовите се затворени тогаш  тоа значи дека ќе врне дожд.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img