Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро советиРаботни обврски на пчеларникот во месец мај

    Работни обврски на пчеларникот во месец мај

    petel baner

    Мај е најинтересниот месец за секој пчелар. Во овој месец ќе согледаме што сме успеале да направиме предходно.

    Во месец мај почнува да цути багремот а и многу други медоносни билки треба да сме претпазливи и навреме да интервенираме. За да не изгубиме од она за кое сме се припремале и труделе во изминатиот период.

    Пред се треба да ги довршиме работите кои сме ги започнале во изминатиот
    месец а пред се да се залагаме за стварање на јаки пчелни друштва.

    Ако веќе имаме јаки друштва, треба да ги одржиме такви односно треба да се
    задржи работното расположение во истите. Тоа ќе го постигниме пред се со
    проширување на просторот во кошницата како основна и најважна мерка.

    Да се обезбеди што е можно поголема вентилација во кошницата. Летот да се отвори
    максимално така да пчелите несметано влегуваат и излегуваат. Во кошницата да
    се држат исклучиво само млади матици бидејќи тие се многу попродуктивни, а со
    старите матици друштвото е поподложно на роење. И на крај, да се заштитат
    друштвата од секаков вид на вознемирување.

    Вентилацијата во кошницата мора беспрекорно да функционира

    Ако знаеме дека нектарот содржи околу 60% вода и пчелите таа вода треба да ја
    сведат до 18-20% колку што има во медот, ќе ни стане јасно каква е улогата на
    вентилацијата.

    Ако вентилацијата не функционира како што треба ќе настане
    гушење во сандачето од премногу водена пареа со сите нејзини штетни
    последици и најопасното за овој период, нагонот за роење и самото роење.

    Agrobot

    Нема да наведуваме примери како да ја регулираме вентилацијата од причина што сега веќе има разни видови на подови со мрежи и збегови. Па секој пчелар зависно од
    тоа со какви видови на сандаци пчелари треба самиот да ја регилира
    вентилацијата.

    Не е лошо во првата декада од овој месец да го припремиме сиот алат за цедење
    на медот (центрифугата, приборот, садовите и т.н.).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ако се појави дождлив период треба задолжително да вршиме прихрана на друштвата
    за да ги задржиме во работно расположение.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img