Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Saturday, April 13, 2024

More
    домаАгро ВестиПланетата Земја остана без 4,1 милиони хектари тропска шума

    Планетата Земја остана без 4,1 милиони хектари тропска шума

    petel baner

    Во 2022 година, планетата Земја изгуби 4,1 милиони хектари недопрена тропска шума, што е еднакво на територијата на Холандија или Швајцарија.

    Според анализата на сателитски податоци собрани од платформата Global Forest Watch (GWF) на Светскиот институт за ресурси (WRI) со седиште во Вашингтон, на секои пет секунди по едно дрво се сечело или горело во подрачје со површина на фудбалско игралиште.

    Во споредба со 2021 година, тоа е 10 проценти повеќе изгубена вегетација, што е клучно за биолошката разновидност и складирањето на јаглеродот.

    Agrobot

    Најпогодена земја е Бразил, со 43 отсто од вкупно уништената површина, потоа Конго (13 отсто) и Боливија (девет отсто).

    – Губиме една од нашите најефикасни алатки за борба против климатските промени, за заштита на биолошката разновидност и поддршка на здравјето и егзистенцијата на милиони луѓе, рече директорката на GWF, Микаела Вајс.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тропските шуми уништени во 2022 година ослободиле 2,7 милијарди тони јаглерод диоксид, што е еднакво на годишните емисии на најнаселената земја во светот, Индија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img