Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

2.8 C
Skopje
Sunday, April 21, 2024

More
    домаАгро ВестиРасте извозот на албански производи за Македонија

    Расте извозот на албански производи за Македонија

    petel baner

    Во првите пет месеци од годинава извозот од Албанија во Македонија се зголемил за речиси 15, 7 милиони евра споредено со истиот период минатата година.

    Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ,  за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.

    Наспроти растот на извозот од Албанија се намалува увозот на македонски производи во Албанија.

    Agrobot

    – Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од Северна Македонија и тоа за 813 милиони лека (7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8  милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ.

    Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Албанија и Северна Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img