Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиПовеќе од 70 мали производители на храна се претставија на првиот Фестивал...

    Повеќе од 70 мали производители на храна се претставија на првиот Фестивал на храната одржан во Крива Паланка

    petel baner

    Во општина Крива Паланка, токму на денот кога се прославува патронот на градот и заштитник Свети Јоаким Осоговски, се одржа манифестацијата „Фестивал на храната“. Манифестација поддржана од стана министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој како една од националните манифестации низ државава, за промоција на македонската храна и пијалоци произведени од малите производители на храна.

    Учество на овој фестивал на храната земаа 70 изложувачи, мали производители на храна и вино од целата држава, дел од социо-економските партнери на министерството, Слоу Фуд, Федерација на фармери и Асоцијација на земјоделци, презентираат своите брендови.

    Посетителите имаа можност да уживаат во штандови преполни со највкусната домашна македонска храна и вино. Домашен ајвар, малиџано, разни слатка, намази, маџун, масла, сирења, кашкавали и разни други производи, но и да го пробаат познатиот Паланечки симит и Паланечки зелник.

    Agrobot

    Изобилство на најшарените тегли наполнети со домашни производи, одгледани под ова наше небо, со зраците на нашето сонце, од рацете на овој наш вреден народ и од тефтерите со рецепти од нашите баби.

    Како министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, една од нашите пoставени цели е поддршка и развој на малите производители на храна и пијалоци. Во таа насока, од оваа година, за прв пат креиравме посебна програма за финасиска поддршка на малите прозиводители на храна, преку грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Текстот во целост е превземен од МЗШВ

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img