Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

26.8 C
Skopje
Friday, April 12, 2024

More
    домаситеНаправете сами сируп од борови иглички: го зајакнува имунитетот, против настинки и...

    Направете сами сируп од борови иглички: го зајакнува имунитетот, против настинки и кашлица

    petel baner

    Сирупот од борови иглички е природен препарат кој помага во борбата против многу здравствени проблеми. Тој е познат народен лек за зајакнување на имунитетот и против респираторни проблеми. Еве како се прави и користи.

    Сирупот од борови иглички се препорачува против настинки и општ пад на имунитетот, особено при опоравување од долготрајни болести, бидејќи ни ја враќа силата. Многу е ефикасен и за респираторни проблеми.

    Подготовка на сирупот

    Постапката е многу едноставна, а сирупот можете да го направите однапред и да го чувате во фрижидер.

    Важно е да се соберат млади ластари од борови иглички надвор од градот, каде што околината не е толку загадена. Може да се берат и игли од ела и смрека. Собирањето се врши од март до јули, а подготовката е многу едноставна.

    Шеќерот се става во чиста тегла, која се покрива со свежо набрани иглички, па повторно се посипува шеќер и така, ред игли, ред шеќер сè до врвот на теглата. Важно е последниот слој да биде шеќер. Теглата се затвора и се чува на сонце додека не се раствори целиот шеќер, што е околу 40 дена. Во сирупот може да се додадат неколку парчиња лимон, што ќе му даде поубава арома.

    Мед може да се користи наместо шеќер, но треба да се внимава да не се дава сируп со мед на деца под една година.

    Agrobot

    По 40 дена, теглата се отвора, а содржината се филтрира низ газа или ситна цедалка.
    Сирупот се чува во чиста, стаклена тегла или шише. Може да се користи секојдневно, 2-3 лажички дневно. Не треба да се пие со топол чај, бидејќи така есенцијалните масла ќе ги загубат своите својства.

    Чај од борови иглички

    Чајот исто така лесно се подготвува. Во зовриена вода ставете грст измиени борови иглички, исклучете го шпоретот и оставете да отстои половина час. Отстранете ги ластарите и чајот е подготвен за пиење. Се пие два до три пати на ден, а ефикасно ги отстранува проблемите со респираторниот тракт.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Важна забелешка: Употребата на лековити растенија и делови од лековити растенија е информативна. Ако имате здравствени проблеми, сте бремени и доите или имате деца, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img