Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКоја е симболиката на бои на хризантемите?

    Која е симболиката на бои на хризантемите?

    petel baner

    Хризантемите посебно го разубавуваат есенскиот период од годината. Потекнувааљт од Кина, а најраспространети се во Азија, каде ова цвеќе се смета за моќно да привлече среќни околности.

    Од друга страна пак, во Јапонија секоја есен се одржува Фестивал на среќата, посветен токму на убавината на хризантемите. 

    Исто така, постои верување кое вели дека едно ливче хризантема во чаша вино се добра комбинација за долг и здрав живот.

    Додека на исток, хризантемата е симбол на есента, едноставност и леснотија на живот, во нашиот регион, сепак, се смета за „цвет за мртвите”, традиционално е надгробен споменик и се верува дека им носи мир и спокој на душите на мртвите. Во Европа, хризантемата се нарекува и “есенска роза”.

    За да процветаат во есен, најдобро е да се засадат на пролет. 

    Како што сигурно веќе сте забележале, ги има во разни бои, дури и во шарени комбинации. Идеални се дури и за оние што не се многу по цвеќињата, бидејќи не бараат специјална грижа. Важно е да бидат изложени на сончева светлина и да се заштитени од ветер, и секако со редовно наводенување.

    Ако сакате да подарите некому хризантеми, во продолжение прочитајте која боја што означува, па одлучете сами која ќе ја одберете:

    Бела хризантема – симбол на вистината, чиста и јасна мисла, правилно расудување, помага при медитација  

    Црвена хризантема – знак на љубов и силни страсти

    Виолетова хризантема –  елеганција и благородност

    Сина хризантема –  смиреност и инспирација

    Agrobot

    Портокалова хризантема – знак на топлина и напредок

    Жолта хризантема – како најтажниот симбол носи знак на невозвратена љубов.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Внимателно одберете каква боја хризантема ќе подарите или ќе засадите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img