Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиИталија воведува забрана за синтетичка храна

    Италија воведува забрана за синтетичка храна

    petel baner

    Министерот за земјоделство на Италија, Франческо Лолобриџида изјави дека Италија ќе забрани синтетичка храна. Со тоа Италија ќе биде првата земја во светот која ќе воведе таква забрана.

    Во понеделник во италијанскиот ппарламент ќе се дискутира за забраната, со која ќе се забрани производството, увозот и рекламирањето на храна произведена во лабораторија.

    „Италија ќе биде првата нација во светот која нема да користи синтетичка храна и со тоа сакаме да поставиме пример за тоа како може да се регулира тој проблем. Ние избравме да воведеме превентивни мерки. Квалитетот на храната е најбитен и не можеме да дозволиме општеството да ни се подели на два дела. А квалитетната храна да се произведува само за богатите. Ние веруваме дека секој има право добро да се храни“, изјави министерот Лолобриџида.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Некои од европските комесари го делат неговиот став и истакнаа дека се залагаат за природно земјоделство и сточарство. Синтетичкото месо не е месо и синтетичкото млеко не е млеко. На страната сме на природните производи и да се користи името на природниот производ и за синтетичкиот, според нас, не е правилно, велат некои од комесарите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img