Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиВо полн ек е есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија

    Во полн ек е есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија

    petel baner

    Во битолскиот дел на Пелагонија есенската сеидба е рестартирана и е во полн ек, информираат од Агенцијаta за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола.

    Прекинот на есенските посеви беше предизвикан од неповолните временски услови кои ги спречија земјоделците да работат на земјоделските површини, изјави за МИА Мирјана Милинг, раководителка на Одделение за пелагониски регион при АПРЗ-Битола.

    Agrobot

    -До овој момент посејани се 60 насто од планираните земјоделски површини за есенска сеидба. Земјоделците неможеа да го реализираат планираното заради неповолни временски услови, односно сува површина која неможе да се обработува, бидејќи невозможно е длабоко орање. Дождот кој што деновиве падна е во прилог на земјоделците и тие продолжуваат со есенска сеидба на пченица, јачмен, тритикале и друг семенски материјал, истакна Милинг.

    Освен со есенска сеидба, пелагониските земјоделци во овој период од годината времето го користат за работа во овоштарниците.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    -Продолжува извршувањето на агротехничките мерки кои што се од суштинско значење за здравствената состојба на растенијата. Ова е време да се заврши со бербата на јаболката, крушите и дуњите, со садење на нови овошни дрва, со прскање на јаболчестото овошје и со есенската обработка на почвата, а откако и ќе паднат лисјата, препорачливо е да се заораат за да се уништат заразните форми кои би презимиле под листовите, информираа од  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img