Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиВакцина против африканска свинска чума

    Вакцина против африканска свинска чума

    petel baner

    Австралиски и американски научници се здружуваат против Африканската свинска чума. Во строго контролирани услови ќе се врши истражување на кандидати за вакцини против опасната заразна болест на сцвињите.

    Научниците од Австралија и САД се здружуваат за да развијат безбедна и ефикасна вакцина против африканска свинска чума (ASF). Ова го објави австралиската национална научна агенција CSIRO.

    Врвни стандарди за заштита

    Тие работат заедно со американската биотехнолошка фирма MBF Therapeutics за да ги проценат новите кандидати за ДНК вакцини за ASK. Оваа болест никогаш ја немало на територијата на Австралија. Сепак се плашат бидејќи се проширила низ Азија, од каде увезуваат месо. Таму се усмртуваат милиони свињи, а последиците за луѓето во економскиот и прехранбениот систем се поразителни.

    Agrobot

    Научниците ќе го проценат овој препарат во лабораториите на CSIRO Австралискиот центар за подготвеност за болести (ACDP). Тоа е високобезбедносен објект во Џилонг ​​(Викторија) дизајниран да овозможи безбедно истражување на најопасните болести во светот.

    Безбедно за употреба во сите фази на одгледување

    Д-р Дејвид Вилијамс, експерт за оваа болест, рече дека вакцините од првата генерација неодамна се одобрени за употреба во некои делови на Азија. Тие велат дека содржат ослабени живи вируси кои имаат потенцијал да се вратат во форма што предизвикува болест и може да предизвикаат несакани ефекти кај маториците и свињите со инфекции или други болести.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Извршниот директор на MBF Therapeutics, Томас Тилет, рече дека основата за ДНК вакцината се заснова на технологија прилагодена на имунотерапијата за третман на рак кај луѓето. Има за цел да ги елиминира патогените кога влегуваат во телото. Тој наведе дека целта е да се создаде вакцина што ќе може безбедно да се користи во сите фази на производство на свињи, вклучително и маторици. Истовремено се спречуваат болести кај поединечни животни и се ограничува преносот во стадото и околината.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img