Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиСвинска чума во Македонија

    Свинска чума во Македонија

    petel baner

    Свинска чума во Македонија – се работи за високосмртоносен вирус за домашните животни, кој предизвикува катастрофални последици во економиите на државите каде има голем замав, а во регионот речиси и да нема земја во која не е регистрирана болеста како кај домашната, така и кај дивата популација на свињи.

    Agrobot

    Месечно има по еден или два нови случаи на африканска чума во државата.

    Малите семејни фарми да ги применуваат биосигурносните мерки, а доколку не се сфатат сериозно препораките за преземање на соодветни мерки против африканската чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
    Против вирусот на африканска чума засега нема вакцина, ниту лек и затоа секојдневно се апелира до одгледувачите на свињи, ловните друштва и концесионерите на ловиштата да ги применуваат биосигурносните мерки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Постои можност Македонија да остане без домашно свинско месо бидејќи постојано се јавуваат нови жаришта и можно е оваа високо заразна болест да ја зафати целата популација на свињи во Макеоднија.

    ПРЕПОРАКИ од АХВ

    • Одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми кај животните!
    • Доколку и кај едно животно се забележат симптоми на болеста, ниедно од животните не смее да го напушти тоа одгледувалиште!
    • Од одгледувалиштето не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре!
    • Ветеринарните друштва да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите кај животните!
    • Ловците веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на трупови од угинати диви свињи во ловиштата!

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img