Опис на видот: Плодното тело се состои од
шапка и од дршка. Хименофорот е сместен на
внатрешната страна од шапката во вид на надолжни
ребра или жили кои се спуштаат по дршката.
Шапката е широка од 3 до 12 сантиметри. Кај
незрелите примероци е испупчена, а подоцна станува вдлабната со многу неправилен брановиден
раб, слабо жолтеникава до портокаловожолтеникава. Површината ѝе сува и без сјај.
Ливчиња: Овој вид нема вистински ливчиња,
туку хименофорот е во вид на ребра или жилички
со заоблени и тапи рабови. Тие се многу тесни, до
3 мм широки, изразено раздвоени и се симнуваат
по дршката. Нивната боја е посветла од бојата на
чадорчето.
Дршка: 2-3 см висока, 0,5 – 1 сантиметри
широка. Таа е цилиндрична и потесна кон основата.
Дршкатаеполна (неешуплива), нејзинатаповршина
е повеќе или помалку мазна, сува, нејзината боја е
иста како чадорчето или малку посветла.
Месото е цврсто, белузлаво до жолтеникаво,
со пријатен мирис (како праска), а вкусот е благ до
благо лут.
Живеалиште: Овој вид е микоризен и расте во
листопадни и зимзелени шуми. Плодното тело се
јавува на површината од земјата, расте најчесто во
групи, а поретко поединечно.
Еднен од двојниците на лисичарката: ВНИМАВАЈТЕ
Лажна лисичарка Hygrophoropsis aurantiaca
Погледнете ги овие две печурки во четри слики и ќе виддите дека се премногу слични.
Од овие 4 слики две се отровни а две се за јадење.
Затоа ВНИМАТЕЛНОООО