Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро советиПластеничко производство

    Пластеничко производство

    Пластеник

    Пластеници

    Општо познато е дека пластеничкото производство е еден од клучните фактори за раноградинарското производство во нашата држава. Одржувањето на температурата во пластениците, како во летниот така и во зимскиот период е еден од многу важните фактори за успешно производство. Зголемената потрошувачка на енергија за одржување на температурата е значаен фактор во зголемените трошоци во текот на производството. При одгледување на градинарските култури во пластеници може да се издвојат повеке предности: подобар водно-воздушен режим, побрзо загревање на површините, подобар развој на кореновиот систем, намалување на проблемите со болести и штетници поради подобрениот водно-воздушен режим, поголем и поквалитетен род, направените трошоци побрзо се враќаат, порано произведените производи постигнуваат повисока цена на пазарот. Редовите внатре во пластениците или тунелите може да бидат различни, и тоа може да се поединечни или двојни, зависно од културата, ширината во пластеникот и висината на пластеникот. Исто така и бројот на растенијата зависи од погоре споменатите услови, меѓутоа кај нас од практична гледна точка се одгледуваат најчесто систем на едноредово одгледување. Од ова може да се заклучи дека распоредот со помал број на редови во просторот се по погодни за одгледување на домата и краставица, а распоред со повеке редови во пластеникот одговара за одгледување на пиперка, салата и др. Постојат повеке типови на пластеници: ниски тунели, високи тунели и пластеник со еден кружен кров. Ниските тунели обично не се загреваат, а се користат повеќе за расадопроизводство. Конструкцијата им е едноставна, без додатни елементи. Постепено овој тип на пластеник ке биде заменет со посовремени типови на пластеници. Високите тунели се прават бидејќи се доста поефтини и поедноставни и се произведува на помала површина, предсезонски без загревање. Вентилацијата обично се изведува со отварање на бочните страни. Пластеник со еден кружен кров како покривач најчесто се користи полиетиленска фолија, значи имаат кров во вид на лак и кога има доста снегови или диждови тие се спуштаат по страните и не може да се направи некоја поголема штета. Вентилацијата може да се направи преку отвори на вертикалните страни а може да се примени и вентилатор. Предвиден е за вградување на систем за загревање и за производство во текот на целата година.

    Поголемите типови на пластеници служат за производство во текот на целата година или вегетација, и во нив може да се вградат сите типови на уреди и инсталации, за загревање, вентилации, систем капка по капка, оросување , замаглување. Тука значи имаме искористување на цела површина и која е целосно покриена со полиетиленско платно како основно, дуплирано, кровно и микроклиматски што поблиску до површината. За поголеми површини се користат повеќекровни пластеници и на тој начин се намалуваат загубите, се заштедува на просторот како на конструкцијата и покривката-полиетиленското платно. Исто така тука е поефтин системот за контрола и управување.

    При одлучување за избор на пластеник влијанија има: предвидување на големината на површината за одгледување, кои растителни видови ке се одгледуваат, инвестиционата способност, типот на подлоги, траењето на производствената сезона со или без греење. Висината на пластеникот се избира према начинот на одгледување на културата или производството. Во секој случај при изборот на местото каде што ќе биде поставен пластеникот треба да се внимава да бидат исполнети сите оптимални предуслови поради несметан развој на растенијата. При избор на место за заштитен простор треба да се внимава тој да биде оддалечен од загадување, да се внимава на конфигурацијата на теренот, нагибот, положбата, подземните води, заштита од ветрови и да биде блиску до достапност на чиста вода. Најдобра положба на теренот за пластеник е положбата на пластеникот да биде во правец север – југ. Во секој случај пластеникот овозможува одгледување и берба на квалитетен зеленчук во текот на целата сезона, осигурува повеќе кратна берба и принос во однос на производството на отворено. Изборот на полиетиленското платно исто така игра голема улога во пластеничкото производство. На пример трослојната фолија УВ – стабилизирана има свој начин на поставување а при набавката на истата продавачите се должни тоа да им го објаснат на производителите. Има различни типови на фолија и тоа по однос на пропусливост на светлината, дисперзираност на светлината, повекеслојност, временски гарантиран рок на експлоатација, термофилност каде во текот на летниот перод не ја пропушта топлината толку во внатрешноста а во зимскиот период топлината ја задржува повисока за 2-3 о С. Фолијата која од внатрешната страна не оросува е исто така практична, бидејки тука условите за развој на габните заболувања се минимални. Капките формирани на таквата фолија под сила на гравитацијата се спуштаат по внатрешноста на површината и таквата капка не треба да има препреки пр. жица, носач и др.бидејки кога ќе наиде на таква препрека таа се издвојува од површината и паѓа врз растението. Неупатените производители на зеленчук често пати ја ставаат хоризонтално и по формирњето на капката таа постепено се зголемува, а на крајот паѓа врз растението каде допринесува за зголемување на појавата на разни заболувања. Светлината како фактор во пластеничкото производство има голема улога и треба производителот да се труди што поголема светлина да продира во пластеникот. Треба да се користат фолии кои пропуштаат доволно светлина, бидејки влијанието на приносот и големината зависат од светлината која што продира во пластеникот.

    Текст на Дип.инг.агр. Стојан Глигоров

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img