Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Saturday, December 14, 2024

More
    домаАгро ВестиОтпадот од храна го претвораат во ефикасно ѓубриво

    Отпадот од храна го претвораат во ефикасно ѓубриво

    petel baner

    Истражувачки тим од Калифорнија пронашол решение да ја претвори пивската каша и отпадот од храна во хранлив раствор за растенијата.

    Научниците од Универзитетот Калифорнија-Риверсајд открија дека отпадот од храна кој ферментирал може да ги охрабри бактериите кои работат на подобрување на растот на земјоделските култури. Така тие ги прават растенијата поотпорни на патогени и ги намалуваат штетните емисии на јаглерод, пишува Science Daily.

    Otkup na kompiri

    Како што истакна водачот на истражувањето, Deborah Pagliaccia , корисните микроби драстично се зголемија кога ферментираниот отпад од храна беше додаден во системот за одгледување на растенија. „ Кога има доволно добри бактерии, тие произведуваат антимикробни соединенија и метаболити кои го поттикнуваат растот“ , објаснува таа.

    Во овој експеримент се одгледуваа растенија во стакленик, а придобивките од овие соединенија се задржани во затворен систем за наводнување. Така, корените ја примаа својата доза со секое наводнување. 

    „ Ова е една од главните точки на ова истражување “, истакна таа. Додава дека тоа е одржлив циклус во кој се заштедува вода со рециклирање во затворен систем за наводнување при додавање на нус-производ на фрлена храна. Ова има позитивен ефект на земјоделските култури.

    отпадот од храна

    Решение за циркуларна економија

    Отпадот претставува сериозна закана за планетата. Само во САД, дури 50% од храната се фрла. Повеќето не се рециклира, но зафаќа повеќе од 20% од депониите. 

    Овој истражувачки тим ги испита нуспроизводите на два вида отпад – пивска каша и мешана храна што ја фрлаат продавниците. И двата вида беа испитани, а потоа беа додадени во системот за наводнување на цитруси. Во рок од 24 часа, просечната популација на корисни бактерии беше два до три пати поголема од онаа на растенијата кои не се напоија со тој раствор. Овој тренд продолжуваше секој пат кога истражувачите го додаваа растворот.

    Научникот за животна средина , Samantha Ying, проучувала хранливи материи како јаглерод и азот во подлогата на третираните култури. Нејзината анализа покажала скок на количината на јаглерод по додавањето на ова ѓубриво. Корисните бактерии го користеле за нивно размножување.

    „ Ако нуспроизводите од отпад можат да го подобрат односот на јаглерод и азот кај земјоделските култури, можеме да ги искористиме овие податоци за да ги оптимизираме системите за производство “, објасни Pagliaccia.

    agrounik

    Дополнително откритие е дека ниту пивската каша, ниту мешаните отпадни производи од храна не се позитивни на салмонела или други бактерии. Ова значи дека нивното додавање не им штети на растенијата и на крајот, на луѓето. 

    Користењето би го направило земјоделското производство поевтино 

    „ Потребен е развој на нови земјоделски практики “, предупреди фитопатологот и коавтор на студијата, Georgios Vidalakis. Додава дека одгледувачите на цитруси во Калифорнија се соочуваат со историски предизвици како што се бактериски болести и ограничена вода.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Резултатите од научната работа покажуваат дека употребата на овие два вида нуспроизводи во земјоделството е корисна и може да ја намали употребата на ѓубрива, а во некои случаи тие не би биле потребни. Експертите сметаат дека ова би го направило земјоделското производство поевтино.

    „ Треба да се преселиме во циркуларна економија и овој процес е клучен за да ја заштитиме нашата планета од постојано исцрпување на природните ресурси и заканата од синтетички гасови“, заклучи Pagliaccia.

    Преработка на отпадна храна за евтино и ефикасно ѓубриво

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img