Употреба на пепел при садење на компир оваа техника на земјоделците им е позната од многу одамна. Но во последно време се помалку се користи бидејќи земјоделците се префрлија на вештачки ѓубрива.
Пепелта се карактеризира со висока содржина на калиум и калциум, кои компирите ги апсорбираат во поголеми количини, а тоа не е единствената предност.
Треба да се внимава при нанесувањето на пепел во почвата и да се води сметка за pH факторот на почвата. Пепелот е алкален и се нанесува на кисели почви. Употребата треба да се избегнува ако почвата е алкална и неутрална.
Најдобар ефект се постигнува со дирекно додавање во ископаните канали за садење на компирот. Во литературата го сретнавме ова дозирање. на 1 метар кубен земја се става околу 150 грама пепел. Компирите при садење исто така може да се извалкаат во пепелот во сооднос 1 килограм пепел на 25 килограми компир за садење.
Употреба на пепел при садење на компир е доста важна бидејќи се намалува употребата на вештачки ѓубрива што е знаеме дека е многу добро за нашето здравје а богами со најавените цени на ѓубривата добро е и за џебот на земјоделецот.
Употреба на пепел при садење на компир треба да се прави претпразливо бидејќи може да биде и штетен. На пример не треба да се користи со ѓубрива кои што се богати со азот бидејќи доаѓа до губење на оваа хранлива состојка. Како што рековме ја зголемува алкалноста на почвата и кај веќе алкални почви може да доведе до развој на краста кај компирот. Во поголеми количини може да го изгори родот и не треба да се користи кај почви со pH фактор поголем од 7.
Користете само пепел од дрво а препорачливо е пепел од врба или бреза поради најповолниот сооднос на минерали и други материи.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.