Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиЗдравата животна средина е човеково право

    Здравата животна средина е човеково право

    Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека здравата животна средина е човеково право. Тоа претставува важен чекор во борбата за зачувување на природата.

    Во резолуцијата усвоена од Генералното собрание се наведува дека климатските промени и деградацијата на животната средина се прашања кои бараат најитни решенија.

    За усвојување на резолуцијата гласаа 161 земја. Резолуцијата не е правно обврзувачка за земјите-членки на ОН. Но, таа е важна бидејќи нејзините предлагачи веруваат дека ќе ги охрабри државите да го запишат правото на здрава животна средина во нивните национални устави и регионални договори.

    Ингер Андерсен, извршен директор на Програмата на ОН за животна средина, рече дека резолуцијата испраќа порака дека никој не може да ја одземе природата, чистиот воздух и вода или стабилната клима. За да го направи тоа ќе наиде на силен отпор и борба.

    Пропишаните закони не секогаш се спроведуваат

    Речиси сите земји имаат национални закони насочени кон намалување на загадувањето. Исто така заштита на биолошката разновидност и ограничување на климатските промени. Сепак, пропишаните правила не секогаш се спроведуваат. Активистите не можат да се повикуваат на законот кој им гарантира дека тоа е нивно право. Затоа, прогласувањето на здрава животна средина за човеково право ќе им овозможи на луѓето да се спротивстават на политиките што не се во корист на еколошките обрасци, во согласност со законодавството за човекови права.

    „Овие резолуции можеби да изгледаат апстрактни. Но, тие се катализатор за акција и ги овластуваат обичните луѓе да бараат одговорност од нивните влади на многу моќен начин“.

    Ингер Андерсен вели дека резолуцијата ќе поттикне еколошка акција. Ќе им помогне на луѓето да се борат за своето право на чист воздух и вода, здрава храна и екосистеми. Исто така и за нетоксична средина за живеење.

    На усвојувањето на резолуцијата во 2021 година му претходеше признавањето на Советот за човекови права на ОН. Пристапот до чиста, здрава и одржлива животна средина е човеково право. Потоа во април 2022 година Советот на ОН го прогласи тоа право. Исто така, во април, „BirdLife International“ побара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Обединетите нации да преземат храбар чекор и да ја прогласат здравата природна средина за основно човеково право.

    Значењето на резолуцијата се одразува во фактот дека планетата моментално се соочува со тројна криза. Трите главни еколошки проблеми, кои се меѓусебно поврзани. Тоа се климатските промени, губењето на биолошката разновидност и загадувањето, бараат итно решение.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img