Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро советиВосок на јаболката

    Восок на јаболката

    petel baner

    Восок на јаболката – процес кој често се користи во современото овоштарство. Причините за тоа има многу, но клиентите се прилично недоверливи кога станува збор за восочните јаболка и често се поставува прашањето – колку се безбедни за јадење ваквите плодови. Пред сè, треба да се забележи дека јаболката природно создаваат заштитен восочен слој. Кај некои сорти е помалку, а кај некои поизразен (на пр. Granny Smith). За време на пакувањето, плодовите се мијат, па до одреден степен се отстранува восочниот слој. Слободно можеме да кажеме дека тоа е облик на компензација за природниот заштитен слој.

    Восокот има заштитна улога, а се применува и од естетски причини – ваквите јаболка се привлечни, сјајни и поубави за око.

    Восочниот слој ја намалува загубата на вода од плодот

    Во овошките кои не се обложени со восок, водата се ослободува преку кожата. Може да се каже дека веќе при губење на околу 5% од водата од плодот, на неговата површина се забележуваат промени кои укажуваат на дехидрација. Губењето на влагата од месото на плодот има негативно влијание врз неговиот квалитет. Тоа пред се се забележува преку губење на цврстината, сочноста и карактеристичната арома на плодовите и појавата на т.н. распрскување на месото. Нанесувањето на тенок слој восок може да го намали губењето на тежината поради ослободување на вода за 30-40% и со тоа да го продолжи рокот на траење на овошјето. Освен падот на квалитетот, не смее да се занемари и фактот дека губењето на водата од плодот доведува до намалување на неговата маса, што претставува финансиска загуба.

    Спречување на развој на патогени

    Имено, развојот на габите и бактериите бара присуство на влага на површината на плодот за да можат да се размножуваат. Имајќи предвид дека восокот претставува хидрофобна површина, плодовите не претставуваат соодветна подлога за развој на патогени. Затоа се намалува можноста за распаѓање на плодовите поради оваа причина.

    Продолжен период на складирање

    Познато е дека метаболичките процеси продолжуваат во внатрешноста на плодовите, дури и по бербата, што на крајот доведува до распаѓање на плодовите. За овие процеси потребно е плодовите да апсорбираат кислород и да испуштаат јаглерод диоксид, што восокот го спречува. Поточно, јаглерод диоксидот се акумулира во овошјето, што го забавува метаболизмот на овошјето. Тоа индиректно влијае на продолжувањето на периодот во кој плодовите ги задржуваат своите добри квалитети.

    Помалку чувствителност на замрзнување

    Примената на восок го намалува ризикот од замрзнување и овозможува складирање на малку пониски температури отколку кај овошките кои не се обложени со восок.

    Сепак, треба да се забележи дека овој процес има и негативни страни.

    Изглед на изгореници

    Несоодветната примена на восок може да доведе до изгореници на површината на плодот. Имајќи предвид дека плодовите се третираат со топол восок, превисоката температура или предолгата изложеност на загреан восок може да предизвика оштетување на кожата, па дури и на внатрешното ткиво на овошјето.

    Појавата на анаеробни процеси

    Восокот го спречува ослободувањето на јаглерод диоксид и апсорпцијата на кислородот. Иако оваа појава има позитивни ефекти врз издржливоста на плодовите, може да биде и штетна доколку целосно се прекине размената на гасови и се појави т.н. анаеробно дишење во внатрешноста на плодот. Овој процес доведува до намалување на квалитетот на плодовите, па дури и до внатрешно распаѓање.

    Нарушување на природниот изглед

    Одреден број клиенти се жалат дека овие плодови изгледаат премногу вештачки. Ако процесот се извршува непрофесионално, тоа ќе резултира со грди бели дамки на кожата.

    Исто така, секоја дополнителна постапка, вклучително и оваа, ја зголемува цената на овошјето.

    Agrobot

    Восочените јаболка лесно се препознаваат по високиот сјај, а доколку не сте сигурни, можете лесно да ја изгребете кожата со ноктот. На третираното овошје ќе се познае белегот на ноктот. Исто така, кога ќе го триете со дланките, кожата нема да биде толку мазна, а ќе имате впечаток дека јаболкото е мрсно.

    Сепак, не грижете се, восокот многу лесно се отстранува од плодовите на јаболката. Доволно е миење со топла вода и мека четка која нема да ја оштети кожата. Ако тоа не е доволно – можете да користите крпа на која ќе ставите неколку капки оцет. Еден од начините е секако да ги излупите плодовите. Меѓутоа, во тој случај ќе ја отстраните кората од овошјето заедно со восокот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Восокот сепак е безбеден?

    На крајот, мора да истакнеме дека восокот што се користи за оваа намена е сосема безбеден и безопасен за јадење. Восоците што се користат во овој случај се претежно од природно потекло (животинско или растително) или евентуално безопасни минерални или синтетички типови на восоци.

    Освен јаболката, постои цела палета на овошје и зеленчук чија површина е покриена со восок од истите причини што веќе ги споменавме. Меѓу другите видови, може да се споменат: авокадо, агруми, пиперки, домати, краставици, дињи и многу други.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img