Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

19.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваИсточнофризиска раса е млечна раса

    Источнофризиска раса е млечна раса

    petel baner

    Млечна раса – Источнофризиската раса потекнува од Источна Фризија (од каде што го добила името), на холандско-германската граница во низините, во услови на висока влажност, бујно и изобилно пасиште. Животните од оваа раса имаат прилично голема и груба глава, со многу испакнат профил. Нивните лакримални јами се многу изразени, а очите им се големи. Ушите се долги и поставени напред. И двата пола се без рогови. Вратот е силен.

    Трупот е со средна должина или долг, прилично длабок и широк, со убаво заоблени ребра. Слабините се цврсти, долги и широки, опашката е долга и тенка. Нозете се високи, суви и силни. Вимето е многу развиено во ширина, должина и длабочина. Кожата е тенка, еластична и розова по боја. Просечната висина на гребенот кај овците е 75-80, а кај овните 80-85 см. Телесната тежина на овците се движи од 65-95 kg, а кај овните од 100-120 kg.

    Плодноста кај овие раси овци е многу добро изразена. Од 100 овци се добиваат 180-220 јагниња. Голем број овци, речиси редовно објагнуваат по две и три, а понекогаш и четири, дури и пет јагниња. Животните се исклучително раностасни. Младите овци почнуваат да се размножуваат веќе на 6-8 месеци, под добри услови за одгледување.

    Се вбројува во млечна раса

    Млечноста е најизразената карактеристика на источнофризиската овца. Просечниот млечен принос се движи од 500-600 kg во период на лактација од 200 дена, т.е. во просек 2,5-3 кг млеко дневно. Не е редок случај поединечни грла да даваат повеќе од 1.000 литри млеко за време на лактацијата, а рекордерите и многу повеќе. Меѓутоа, за да може целосно да се изрази способноста на источнофризиската овца да произведува толку млеко, грлата треба постојано да се чуваат во соодветни услови на урамнотежена исхрана, грижа и сместување.

    agrounik

    Овците од оваа раса се покриени со бела волна, но главата, ушите, нозете и опашот, како и коренот на опашката, пределот околу задникот се покриени со бела, тенка волна, што е расна карактеристика на оваа овца.

    Руното е полузатворено или затворено. Нишките се долги 15-20 см. Дебелината на волнените влакна се движи од 33-40 микрони (асортиман C-D). Годишниот принос на неизмиена волна по овца е околу 4 kg, а кај овните околу 5 kg, со принос од 65-70%.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Источнофризиската раса овци, и покрај нејзината извонредна продуктивност, рана зрелост и висока плодност, не се рашири низ светот. Многу е тешко или речиси невозможно да се аклиматизира во услови на животната средина надвор од Фризија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img