Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Вкусен подварок со кисела зелка

    Рецепт: Вкусен подварок со кисела зелка

    petel baner

    Киселата зелка се користи за многу рецепти во текот на зимата, од вкусна сарма, чорби и манџи, традиоционални пити и секако неизбежниот подварок.

    Доколку сте љубители на кисела зелка, нема да згрешите ако го подготвите овој рецепт за вкусен подварок.

    Состојки:

    1 поголема кисела зелка од околу 1,5 кгр. или две помали

    околу 1.200 гр. мешано месо свинско, говедско, пушени ребра, месната пушена сланина

    2 глави лук 

    толчен бибер, црвен мелен пипер

    суви пиперки, морков свеж или од туршија

    ловор,буковец

    7-8 лажици свинска маст

    околу 600-700мл. расолница

    Подготовка:

    1. Зелката исечете ја на потенки кругови. Месото исечете го на тенки парчиња како шницли.

    Agrobot

    2. Тенџерето во кое ќе го спремите подварокот добро го премачкајте со свинска маст.

    3. Земате од зелката и наредете првиот ред. Врз него посолете по малку бибер, малку црвен пипер, буковец, наредете парчиња од месото. Земајки од секој вид на месо по едно парче, врз него ставете тенки парчиња од сланината. Врз месото ставете пак кругови од зелката, пак зачинете, ставете ловор, ставете 1-2 суви пиперки, морковот исечен по должина или ако е потенок може и цел, целите главици лук кој добро ги измивате, но не ги лупите, евентуално можете да ја одстраните само горната лушпа – главиците треба да останат цели. Повторно од зелката, зачинете, пак месо и затварате со последните кругови од зелката. Зачинете.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со цели листови од зелката добро затворете ја површината над зелката. ставете зачинете пак, ставете неколку лажици од маста, добро ја налегнете. Налегнете со некој сад (најчесто тањир) повторно налегнете, залејте со расолница, ставете да се крчка на тивок оган најмалку 3 часа. Подварокот е готов кога зелката е мека, а месото разварено. Не смее да дозволите да ви одоздола загори, но не и да има вода. Овој подварок се сече и се вади парче од тенџерето, се јаде со вилушка. Уживајте во еден убав неделен ден со вака спреман подварок.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img