Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

26.8 C
Skopje
Friday, April 12, 2024

More
    домаАгро ЗабаваБел чај - крал на сите чаеви

    Бел чај – крал на сите чаеви

    petel baner

    Белиот чај нуди неверојатни здравствени придобивки. Тој е активна состојка во многу козметички производи и се користи во традиционалната кинеска медицина за разни заболувања.

    Белиот чај се произведува од младите листови и пупки на растението Camellia sinensis, кои се сушат на сонце или под дејство на пареа, без ферментација.

    Има најмалку кофеин во него, околу 1% од шолја кафе, и најсуптилен вкус. Се цени заради природната сладкост и специфичниот вкус.

    Претставува заштитен знак на провинцијата Фуџијан во Кина. Белиот чај е првиот чај кој се пиел во Кина, бидејќи најмалку се процесира. Како што се развивале новите техники на производство, така се развивале и новите вариетети на чај.

    За првпат е забележано дека се пиел за време на династијата Танг (618-907 год.) каде се пресувал во колачиња кои потоа се вареле. Бил ценет како нешто свето за време на династијата Сонг (960-1279 год.) и го пиело само кралското семејство.

    Овој чај е така наречен, бидејќи затворените пупки, од кои е направен чајот, се покриени со бела пена. Најпознати сорти на бел чај се белиот божур (Баи Му Дан) и сребрената игла (Јин Жен).

    Витаминот Б1 во бел чај зема најголем дел од витамините содржани. Тоа е многу важно за нашиот нервен систем и влијае на нашето расположение. Недостатокот на витамин Б1 може да предизвика главоболки, депресија, анемија и зголемен ризик од инфекција.

    Agrobot

    Покрај тоа, белиот чај содржи три пати повеќе катехини од својот роднина, зелениот чај. Катехините се природни агенси со антибактериски, антиоксидативни и анти-канцерогени ефекти.

    Друга состојка е метилксантин, вклучувајќи кофеин и теофилин. Метилоксантините го стимулираат централниот нервен систем. На пример, тие ги прошируваат бронхиите и ги намалуваат главоболките и мигрените. Со 6 мгр. кофеин на 100 мл, бел чај е далеку зад црниот чај, кој содржи најмалку 25 мгр. кофеин на 100 мл.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Приготвување:

    Белиот чај се приготвува со врела, но не зовриена вода за да не се изгуби вкусот. Само 80°С е доволно, чајот треба да отстои за време од 2-3 минути. Специфичниот начин на приготвување зависи од сортата  на белиот чај. Вообичаено е наведено на пакувањето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img