Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиГерманија одвои две милијарди евра за зелените фондови на посиромашните земји

    Германија одвои две милијарди евра за зелените фондови на посиромашните земји

    petel baner

    Германија ќе одвои две милијарди за зелените фондови на посиромашните земји, најави канцеларот Олаф Шолц.

    Мора да се финансира и трансформацијата кон климатска неутралност, рече тој на Петербуршкиот климатски дијалог во Берлин, пренесува ДПА.

    Така, според владините податоци, Германија ќе биде првиот голем донатор кој ќе го објави својот придонес на донаторската конференција на почетокот на октомври во Бон.

    Agrobot

    Парите за зелените фондови одат за посиромашните земји и земјите во развој, кои ги користат за финансирање проекти за заштита на климата, прилагодување на климатските промени и градење на климатска економија.

    Двете милијарди евра што ги најави Шолц се „силна порака“, и додаде дека се надева оти и другите земји ќе се приклучат со донациите според нивните можности.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На климатскиот дијалог во Петербург во Берлин присуствуваа претставници на повеќе од 40 земји. Тоа беше подготовка за Светската конференција за климата што ќе се одржи во Дубаи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img