Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиМакедонскиот зеленчук најмногу се извезува во Србија, Хрватска и БиХ

    Македонскиот зеленчук најмногу се извезува во Србија, Хрватска и БиХ

    petel baner

    Пласманот на македонскиот зеленчук најмногу е во Србија, БиХ и Хрватска, но се извезува и во Романија, Албанија, Грција, Турција, Полска…

    Во првите четири месеци од годината, до кога се и обработени статистичките податоци, во Србија се извезени 618 742 килограми домати, свежи и разладени, во вредност од 896 185 евра.

    А за Полска отишле 623 398 килограми од што се инкасирани 1 307 112 евра. Увоз, пак, е реализиран од Албанија, 512 434 килограми вредни 515 943 евра.

    Од Грција 897 919 килограми или 414 736 евра. Како и од Турција 2 332 997 килограми или 879 049 евра.

    Во истиот период, од јануари заклучно со април, зелка и сличен зеленчук, свеж и разладен, се извезени во Србија 6 171 517 во вредност од 1 587 461 евра.

    Романија 10 181 363 килограми или 2 156 714 евра. Полска 9 696 286 килограми или 6 149 486 евра. БиХ 1 125 945 килограми или 407 447 евра, Хрватска 1 396 669 килограми или 870 862 евра.

    Молдавија 1 809 383 килограми или 942 589 евра, Бугарија 2 678 998 килограми или 944 804 евра. Австрија 697 052 килограми или 447 356 евра, Литванија 1 078 007 килограми или 722 490 евра. Латвија 812 676 килограми или 449 381 евра.

    Се извезувало и во Норвешка 398.745 килограми, на Косово 387.091. Украина 8 092 681, Словенија 411 526 и Шведска 843 262 килограма, како и во Финска и Чешка.

    Увоз на зелка и сличен зеленчук е регистриран од Албанија, вкупно 221 302 килограми во вредност од 105 352 евра.

    Извозот на овошје и зеленчук во првите четири месеци од 2023 година изнесувал 89 828 890 килограми или 67 780 824 долари. Додека увозот бил 56 925 243 килограми или 55 255 628 долари. Лани, во истиот овој период, извозот бил 101 834 784 килограми или 61 470 526 долари. А увозот изнесувал 61 287 119 или 50 476 044 долари.

    Податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека до сега се увезени 13.083 пратки или 73 341 138 килограми зеленчук, овошје и преработки од овошје и зеленчук. А минатата година до овој период биле увезени 15 969 пратки или 136 695 355 килограми.

    Agrobot
    Исплатени 224,4 милиони денари поддршка за градинарските култури

    На 30 јуни годинава Платежната агенција соопшти дека се исплатени близу 224,4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети на 3 821 корисник.

    Висината на директните плаќања изнесува три денари по килограм за сите градинарски култури.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба. Оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук. Директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година. Вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img