Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Saturday, December 14, 2024

More
    домаАгро советиЗАШТИТА ВО ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

    ЗАШТИТА ВО ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

    petel baner

    Задолжителни мерки Заштитата на културите од болести и штетници во органското земјоделско производство треба да е под контрола на стручно лице. Заштитата на растенијата треба да е во согласност со правилникот за органско растително производство, за што е потребен совет од стручно лице.

    ЗАШТИТА
    ЗАШТИТА на земјоделските култури немора да биде само употреба на Хемија

    Оттука, основен принцип во органската заштита е задолжителната примена на следниве мерки и активности:

    Otkup na kompiri

    • Користење здрав и сертифициран посадочен материјал;

    • Одгледување сорти отпорни на болести и штетници;

    • Примeна на агротехнички мерки заради создавање лоши услови за развој на болести и штетници: плодоред, избалансирано ѓубрење според потребите, наводнување „капка по капка“;

    • Примена на механички и физички мерки;

    • Примена на биолошка борба (користење корисни инсекти, пајаци и микроорганизми);

    • Примена на материи од природно потекло (сулфур, бакар), во количини дозволени во правилникот;

    • Да се води „Книга на полето“ каде што ќе се забележуваат сите активности поврзани со следењето на појавата на штетниците и болестите, како и третманите кои се преземани заради спречување на штетите од нив;

    • Производителот треба да се придржува кон одредбите од Добрата земјоделска практика (GAP) во одгледувањето, кои доведуваат до спречување на појава на штетни инсекти во број кој би довел до штети кај овошките;

    • Биолошките и физичките методи обезбедуваат дополнителна заштита, за што не е потребно добивање дозвола за примена.

    Контрола над инсектите

    За разлика од обичното (конвенционално) земјоделско производство, органското поголемо внимание му дава на спречувањето од појава на штетниците, отколку на заштита од нив, преку примена на низа агротехнички мерки за кои стануваше збор во претходните поглавја од овој материјал.

    Организмите (инсекти, болви, микроорганизми) или плевелите, стануваат штетници откако нивото на нивното присуство ќе доведе земјоделците да не можат да ги остварат своите производни цели.

    Познавањето на развојните циклуси, техниките за следење на бројот на штетниците кои се применуваат во интегралната заштита, се применливи и во органското производство, бидејќи тие вршат само следење на бројот на инсектите и плевелите на одредена површина. Низа од два чекора треба да биде составен дел на стратегијата за контролата на штетнците:

    1. Производителот треба да се придржува кон одредбите од Добрата земјоделска практика (GAP) во одгледувањето, кои доведуваат до спречување на појавата на штетни инсекти во број кој би довел до појава на штети овошките;

    2. Биолошките и физичките методи обезбедуваат дополнителна заштита, за што не е потребно добивање дозвола за примена

    Контрола над болестите

    Болестите можат да претставуваат ограничувачки фактор во производството на слива според принципите на органското земјоделско производство. Тие може да бидат предизвикани од габи, бактерии, вируси, нематоди, микоплазми или протозои. Од друга страна, пореметувањата предизвикани од временските услови или недостаток од хранливи елементи во почвата може да предизвикаат појава на симптоми, многу слични на оние кои се појавуваат при појава на болести. Оттука, познавањето на симптомите е од клучно значење за преземање оптимални мерки за отстранување на истите.

    Како што е спомнато во материјалов, комбинацијата од агротехнички мерки треба да биде основата врз која ќе се гради стратегијата за заштита од појава на болестите. Вистинскиот избор на сорти и подлоги отпорни кон одредени болести, проследено со вистинскиот избор на локацијата, може да биде од пресудно значење за успехот во одгледувањето на сливата. Во овоштарници кои веќе се подигнати, опасноста од појава на болести може да се намали преку зголемување на нивото на хигиена во овоштарникот. Исто така, отстранувањето на мумифицираните плодови, заразените растенија како и векторите кои придонесуваат за појава на болестите, изнесување на гранките после кроењето се мерки кои значително ќе придонесат кон намалување на опасноста и условите за појава на болести. Оттука, задолжителна е примената на следниве мерки и активности:

    • Користење здрав и сертифициран посадочен материјал;

    • Одгледување сорти отпорни на болести и штетници

    • Примeна на агротехнички мерки заради создавање лоши услови за развој на болести и штетници: плодоред, ѓубрење според потребите, наводнување „капка по капка“

    • Примена на механички и физички мерки

    agrounik

    • Примена на биолошка борба (користење корисни инсекти)

    • Примена на материи од природно потекло (сулфур, бакар), во количини дозволени во Правилникот

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    • Да се води „Книга на полето“, каде што ќе се набележуваат сите активности поврзани со следењето на појавата на штетниците и третманите кои се преземани заради спречување на штетите од нив.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img