Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ВестиЧебрен и Галиште

    Чебрен и Галиште

    petel baner

    Чебрен и Галиште – Македонско оро или грчко сиртаки:

    Почнаа византиските игри околу водите во Македонија.

    Земјоделците, агрономите и професорите од земјоделски факултет изгледа сé уште не ги сфаќаат сериозно предупредувањата од климатолозите дека до 2050 година годишното количество на врнежи во Пелагонија ќе се намали за 35%, а потребата за наводнување ќе се зголеми за 50%, како што се вели во студијата на институтот од Нова Горица.

    Со други зборови, без наводнување со водите од Црна Река, долна Пелагонија ќе стане полупустина.

    За да се врши наводнување, не е доволно да се зафати водата од самата реката, како што некои наивно веруваат. Проблемот се состои во тоа што потребите за вода се најголеми во лето, кога протокот во Црна Река е мал, па дури и целата да ја насочиме во наводнување, тоа нема да биде доволно.

    Од овие причини луѓето веќе 5.000 години градат брани и водни акумулации. Идејата е едноставна, но логична: големиот проток на реките во зима и пролет се акумулира за потрошувачка во лето, односно се врши годишно усреднување на протокот и балансирање, т.е. врамнотежување на приливот и одливот, односно понудата и побарувачката на вода, ако се послужиме со јазикот на економијата.

    За наводнување на долна Пелагонија акумулацијата мора да се наоѓа од една страна блиску, а од друга страна на место каде што реката има голем проток.

    Двата услови ги исполнува акумулација на самиот влез во Скочивирската клисура, влезната порта на Мариово.

    Тука Црна Река веќе станува полноводна река, после влевањето на реките Драгор и Шемница, а во исто време и доволно блиску до полето. Од оваа причина уште пред 30-40 беше планирана браната кај Скочивир, висока 40 m.

    Неа би ја изградиле доколку се одлучиме за каскаден систем на реката Црна, но дури и високата брана од 192 m во Чебрен би го довела успорот (горното ниво) на Чебренското Езеро на приближно истото ниво, на кота 565-575 m надморска висина. Нема да згрешиме во двете варијанти, иако варијантата со две пониски брани е поевтина и полесна за изведба.

    Каде е тогаш проблемот?

    Проблемот ќе се појави ако грчката компанија „Архиродон“ ја добие концесијата за вода и стане сопственик на езерото во наредните 60 години.

    Во тој случај со речиси 100% сигурност Македонија не би имала пристап до водата во акумулацијата, а црпењето од самата река во лето е недоволно, како што рековме претходно.

    Освен тоа, загаденоста на Црна Река пред Скочивир е од IV степен, па единствено користењето на водата од акумулацијата, којашто е веќе „разблажена“ со чиста вода од други притоки и прочистена од аеробните бактерии, нуди хигиенско наводнување.

    Од овие причини, неопходно е македонските земјоделци, агрономи и професори по агротехника да се приклучат на напорите на инженерите и заеднички да извршат притисок врз Владата да се откаже од намерата за предавање на Чебрен и Тиквеш на грчката компанија.

    Чебрен и Галиште

    Сега е последниот час да бидеме разумни и далековиди, за да не ни се случи, нам и на идните генерации, да жалиме и да гладуваме утре.

    Agrobot

    Поправниот испит ќе биде дури после 67 години!

    Текст на Дејан Трајковски Професор на Универзитет “Св. Климент Охридски” Технички Факултет – Битола (ТФБ)

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Надлежните се надеваме не само да го прочитаат овој текст туку и да размислат дали влечат паметни потези за иднината на Македонија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img