Дојде пролетта и сакате да се храните поздраво. Сепак, секогаш кога ќе се осмелите да ја спроведете оваа идеја до крај, секогаш се враќате на класичната зелена салата. Време е да ја збогатите вашата градина и вашите трпези со некои поразновидни пролетни видови зеленило. Ви претставуваме пет видови салати кои можете да ги одгледувате и во вашата градина, а кои ќе внесат свежина во вашето мени.
1. Рукола
Ова растение има малку горчлив вкус, но е многу здраво за човечкото тело. Семето на рукола се сади во рана пролет или есен.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/вашата-градина-2.jpg)
Кога разредувате садници, оставете растојание од 10 до 15 см помеѓу секое растение. Растојанието помеѓу редовите треба да биде до 25 см. Руколата можете да ја наберете по 6 до 8 недели.
2. Бон Чој (кинеско зелје)
Во светот често се нарекува чој, а кај нас е попозната како кинеска зелка. Припаѓа на семејството на зелки и се карактеризира со долги, тенки и бели стебла и темнозелени листови. Можете да го засадите семето во рана пролет или есен. Постапката за одгледување на ова растение е иста како и за одгледување зелка.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/вашата-градина-3.jpg)
Најдобро успева на ниски температури. Растојанието помеѓу растенијата треба да биде од 20 до 25 см, а растојанието помеѓу редовите 25 см. При бербата, исечете ја целата главица зелка или само поединечни листови.
3. Цикорија
Цикоријата (Cichorium intybus) е одличен избор за правење салати во зимските денови. Таа е повеќегодишно растение. Цвета од јули до септември, а почнува да зрее во август.
Коренот на цикоријата е највкусен ако се извади наесен. Можете да го исушите коренот, да го сомелете и од него да направите пијалок налик на кафе. Можете да го исечете на парчиња и да го користите за чај. Чајот од цикорија е пред се многу вкусен, но има и лековити својства.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/вашата-градина6.jpeg)
Се јадат и надземните делови од растението. Цветовите на сината цикорија можат да завршат во салата, а во комбинација, листовите може да се користат како лек во народната медицина.
4. Кељ
Ова растение на салатите им дава разновидни бои, но и големо количество хранливи материи. Кељот во сино-зелените или виолетово-зелените листови крие големо количество витамини и минерали кои му се потребни на човечкото тело.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/вашата-градина-4.jpg)
Семето се сее во рана пролет или доцна на лето, а при разредување се остава растојание до 60 сантиметри помеѓу растенијата.
5. Спанаќ
Спанаќот може да се бере додека листовите му се уште мали (бејби спанаќ), или кога е зрел. Засадете го семето во рана пролет и кон крајот на летото. Расадот се разредува така што растојанието помеѓу растенијата е од 10 до 15 см.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2022/05/вашата-градина5.jpg)
Спанаќот е богат со витамини и минерали, па како таков е еден од најздравите избори за вашата салата.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.